Бошко Радојковиќ ( Boško Radojković ) (1966) ги завршил студиите по гитара на Музичкиот факултет во Белград, поранешна Југославија, во класата на професорката Вера Огризовиќ. Тој исто така завршил специјалистички курс по камерна музика во класата на професорката Оливера Гјургјевиќ во Белград.
Бил член и на ансамблот „Musica Antica“, кој изведувал древна музика. Тој снимал за Радио и телевизија Србија (РТС), држел предавања и бил член на повеќе жирија, како во земјата, така и во странство.
Тој работел во музичките училишта „Коста Манојловиќ“ во Земун и „Јосип Славенски“ во Белград повеќе од 20 години. Во тој период ја стекнал репутацијата на еден од најуспешните педагози за гитара. Неговите студенти добиле многу први места на натпревари во земјата и во странство.
Тој е основач и директор на Гитар Арт Фестивал во 2000-та година. Уметничкиот фестивал за гитара е првиот и најзначајниот настан наменет за професионалното свирење гитара на Балканот и е еден од најдобрите во Европа.
Тој, исто така, е основач на Југословенското здружение на свирачи на класична гитара во 2001 година (денес познато под името Српска асоцијација на класични гитаристи) и воедно е негов извршен директор. Ова е првото здружение на класични гитаристи формирано на територијата на поранешна Југославија.
На крајот на 2001-та година тој го организирал Првиот основачки конгрес на гитаристи на класична музика во Југоисточна Европа, во која пригода е основана Асоцијацијата на класични гитаристи на Југоисточна Европа (АСЕГ). во периодот од 1-ви јануари 2012 до мај 2014 година тој бил директор на Југоконцерт, најголемата концертна агенција за промоција на класичната музика во Србија.
Од 2000-та година до денес тој успеал да организира 19 изданија на фестивалот Guitar Art во Белград, Србија, 13 изданија на Guitar Art Summer Festival во Херцег Нови, Црна Гора, да ја основа образовната програма за гитара Kings of Strings во Белград и во 15 града во Србија, и реализирал многу други проекти и концерти каде ги претставил најголемите имиња во светот на гитарата.