ХИСПАНО
| Guests |
Хиспано, Ние сме инструментално дуо, составено од виолончело и гитара кои ја комбинираат елеганцијата на шпанската класична музика со интензитетот и ритмите на фламенко.
Нашиот уметнички предлог го потхрануваат класиците како мистичниот концерт на Аранхуез кој го носи тангото, поминувајќи низ Астурија на Албениз (Asturias de Albéniz) со Фламенкото Запатеадо, на радоста што ја носи хиспано-американската музика.
Целата програма е артикулирана низ наратив кој го води гледачот да патува со нас.
Хередија (виолончелист)
Знаењето го стекнува од „раката“ на Клаудио Р. Баравиера. Студирал класично виолончело во Севиља, специјализирал по рана музика, додека своите мастер студии ги има завршено на Каталонскиот колеџ за музика во Барселона (ESMUC). Студирал и фламенко гитара со уметници како Мигел Анхел Кортес, Мелчор Чико и Даниел Кортес. Тоа го инспирирало да ги спои Фламенкото и виолончелото заедно. Има настапувано покрај уметници како Пилар Астола или Росио Маркез и е ко-основач на групата Хиспано.
Де ла Вега (гитара и танц)
Студирал класична гитара во Севиља под водство на Франциско Кантон, а студиите ги завршил како Магистер по интерпретација на Каталонскиот колеџ за музика во Барселона (ESMUC) со Алекс Гаробе. Неговата страст за танцот – фламенко го навела да се надградува во оваа област, поточно да го инкорпорира во неговите интерпретации, низ неговите настапи во кои истовремено настапува со гитара и Фламенкото Запатеадо.
Карактер Хиспано
Што е тоа?
Станува збор за музичко шоу во кое се преплетува мистицизмот на шпанската класична музика со силата и ритам на фламенкото.
Како?
Музичките дела се поврзани преку раскажан наратив кој конкретно го опишува нашето патување низ различни места во Шпанија.
За кого е?
За љубителите на шпанската култура и фламенкото, за луѓето кои сакаат музиката да ги возбуди и кои ја бараат својата цел и место на овој свет…
Цел
Јавноста да биде поучена за шпанската култура која е втисната во музиката и во начинот на соочување со животот, со ексцеси, импулсивни страсти и храброст. Нашата цел е да го прославиме шпанскиот начин – Да се биде во светот.