Бојан Ивановски

БОЈАН ИВАНОВСКИ ( BOJAN IVANOVSKI )

Бојан Ивановски ( Bojan Ivanovski ) е „фингерстаел“ гитарист, текстописец, најпознат по својата комплексна стилска техника, енергични перформанси и перкусивни ефекти со гитара. Го започнал своето музичко образование во Музичкото училиште „ Јосип Славенски“ во Белград, каде го завршил средното образование во класата на проф. Ненад Кондич. Го положил приемниот испит на “Royal College of Music” во Лондон и на Факултетот за музичка уметност во Белград. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Вера Огризович и специјализација во Италија – Академијата “Francisco Tarrega” со проф. Паоло Пергораро.
Досега има учествувано на бројни натпревари дома и во странство каде бил многу успешен. Тој има освоено над 20 први награди. Негова најважна награда е лауреатот на меѓународниот натпревар за музички инструменти “ITHAKA 2007” во Љубљана, меѓу повеќе од 100 кандидати во сите инструментални секции.
Во изминатите 10 години професионално работи како студиски музичар, каде ги проучува различните стилови на гитара, инспириран да го направи проектот “A Whole New World” каде што во жива изведба со гитара ги комбинира класичниот, џез и рок стил. Од 2019 година е член на меѓународното гитариско трио Kings Of Strings.