Павел Штајдл

ПАВЕЛ ШТАЈДЛ ( PAVEL STEIDL )

Павел Штајдл ( Pavel Steidl ) е роден во Раковник (Република Чешка). Од моментот кога тој го освоил првото место на Меѓународниот натпревар на Радио Франс во Парис во 1982-та година, тој станал еден од најшироко познатите солисти од неговата генерација.
Во 1987 тој одлучил да емигрира во Холандија каде по повеќе години студирање и инспирација од многу музичари, тој изградил свој стил којшто не го занемарува автентичниот начин на интерпретација на литературата по гитара од 19-тиот век, на инструменти од тој период.
Штајдл, исто така, компонира а неговите композиции често ги свири на сопствените концерти. Тој свирел во повеќе од 50 земји во светот, меѓу кои во Канада, САД, Кина, Индија, Јапонија, во Европа, во Средна и Јужна Америка и на други места.
Во 2004-та година тој е избран за гитарист на годината во италијанското списание за гитара „Гитарт“, од страна на читателите.
Штајдл предава класична гитара на Академијата за уметности во Прага. Тој свири на многу инструменти, но воглавно со Франциско Симплисио (1926) и Франц Буџер (2008), Валтер Ферејд (2016), Фредерико Шепард (2016), на романтична гитара: копија од гитарата Ј. Г. Штауфер направена од Б. Кресе, и оригинален инструмент направен на почетокот на 19-тиот век од Николаус Г. Риеска (1830).