Мак Гргич

МАК ГРГИЧ (MAK GRGIC)

Мак Гргич (Mak Grgic) е ѕвезда на светската сцена: Њу Јорк Тајмс го нарекува „надарен млад гитарист“, а Вашингтон Пост вели дека е “гитарист со ветувачка иднина“. Широкиот и аватуристички репертоар сведочи за неговата разноврсност и распространети интереси. Од народната музика на родниот Балкан па до екстремно авангардната и микротонална музика, љубопитноста, фантазијата и бесконечната енергија ги потрекрепуваат неговите улоги на солист, соработник, и музичар. Сведок за разноврсноста и пространата популарност на Мак е и поканата од страна на легендарната кантавторка К. Д. Ланг да настапува како воведен акт на нејзината турнеја Ingénue Redux.

Роден во 1987 година во Љубљана, Словенија, Мак студирал гитара во Загреб на Музичката академија „Ели Башиќ“ кај познатиот Анте Чагаљ. На 14-годишна возраст, одржувал рамнотежа меѓу статусот на светски шампион во карате и љубовта кон гитарата. Додека сè уште бил во средно училиште, одржувал концерти во Љубљана и Загреб, минувајќи по една недела во двата града, а истовремено учествувал на натпревари по боречки вештини низ Европа и Азија. Откако си го повредил левиот палец, одлучил да се посвети единствено на музиката, и дипломирал кај Алваро Пиери на Универзитетот за музика и уметност во Виена.

Продолжувајќи ги студиите во САД, Мак бил еден од првите студенти кои аплицирале за новата програма Arts Leadership на музичката школа Торнтон при Универзитетот на Северна Каролина, која понатаму ја вклопил во своите докторски студии. Учел кај Вилијам Каненгисер и Скот Тенант од Гитарскиот квартет на Лос Анџелес, како и кај Брајан Хед, уметничкиот директор на Гитарската фондација на Америка. Есента 2017 година, ја започнал програмата Artist Diploma при УСК, и станал првиот гитарист во историјата на Универзитетот кој бил примен на оваа програма.

Како солист и соработник, Мак има просечно осумдесет и пет настапи годишно, речиси два неделно. Тој е основач и активен член на две дуа: дуото Deloro со Адам Дел Монте во стил на фламенко, и дуото FretX со гитаристот на Меѓународниот современ ансамбл (ICE), Даниел Липел, кое се фокусира на модерна музика.

Како помлад член на Здружението Da Camera од Лос Анџелес, го основал октетот DC8, кој Лос Анџелес Тајмс го нарекува „инспирирачки додаток на современиот музички пејзаж на Лос Анџелес“. Меѓу другите негови тековни соработки се и со квартетот Џек, браќата Асад, виолинистите Мартин Шалифур и Чи Јун, челистите Џеј Кемпбел, Џошуа Роман, Џон Сант’Амброџо и поранешниот член на Токискиот гудачки квартет Клајв Гринсмит, како и членството во Словенечката Филхармонија.