Момчило Мома Александриќ

МОМЧИЛО АЛЕКСАНДРИЌ (MOMČILO ALEKSANDRIĆ)

Момчило Мома Александриќ (Momčilo (Moma) Aleksandrić) е класичен гитарист од Србија. Откако во 2018 година ја освоил првата награда на престижниот Меѓународен натпревар за гитара Хонг Конг Алтамира, Мома добива покани да одржува концерти, предавања и мастер-класови насекаде низ светот. Учествувал на настани како Меѓународниот фестивал за гитара во Тајланд, Меѓународниот форум за гитара во Хонг Конг, Меѓународната недела на гитарата во Шенџен Фуге, Меѓународната конференција за гитара во Мелбурн, Меѓународната уметничка серија на Народниот универзитет на Коста Рика, Меѓународниот фестивал за гитара во Џенџанг, и многу други. Неодамна освоил награди и на Меѓународниот фестивал GuitART во Мајами, Натпреварот за ансамбли на Американската гитарска фондација, Натпреварот за ансамбли на Јужниот фестивал за гитара, Програмата за млади ѕвезди на Универзитетот на Род Ајленд, и многу други.

Тој е еден од попознатите гитаристи кои се трудат да ги спојат изведбите на класична гитара со истражувања од областа на музичката теорија и музикологијата. Во 2019 година, списанието „Soundboard“ на Американската гитарска фондација го објави неговото истражување за Мигел Љобет и неговата Variaciones sobre un Tema de Sor. Исто така, Мома ги презентирал своите истражувања и одржал предавања за Фернандо Сор, Мигел Љобет, Бенџамин Бритен и Лео Броувер на Унивезитетот во Мелбурн (2019 година), на Академијата за применета уметност во Хонг Конг (2018 година), на Меѓународниот универзитет на Флорида (2018 година), на Универзитетот во Индијанаполис (2017 година), на Универзитетот во Синсинати (2017 година) и многу други.

Тој е соосновач на непрофитната организација Белградско гитарско друштво и придонел во организацијата на нивните пет концертни сезони и во снимањето на помалку познатиот репертоар за гитара објавен на Јутјуб. Претставник е на брендот гитари Алтамира (Кина) и свири на гитара изработена од Хансон Јао. Учел гитара со Александар Хаџи-Ѓорѓевиќ, Срѓан Тошиќ и Маја Радованлија.