Дуо Дениција, Анастасија Милеска и Александар Андријевски

ДУО ДЕНИЦИЈА, АНАСТАСИЈА МИЛЕСКА И АЛЕКСАНДАР АНДРИЈЕВСКИ

Дуо Дениција. Анастасија Милеска, родена 1996 година, и Александар Андријевски, роден 1995 година, веќе две години активно настапуваат како Дуо Дениција.

Анастасија Милеска завршува основно музичко училиште во класата на Александар Крстаноски, а Александар Андријевски основите на гитарата ги стекнува кај Љубиша Кушевски и Дарко Багески.

Средното музичко образование го завршуваат во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на проф. Дарко Багески. Дипломираат на Факултетот за музика и танц во Келн, Германија и моментално се запишани на постдипломски студии, во класата на проф. Герхард Рајхенбах.

Имаат учествувано на многу натпревари и фестивали. Добитници се на бројни меѓународни и државни први награди како солисти и на две први награди, во Германија и во Хрватска, како дуо.