Нејц Кухар (Nejc Kuhar) ги завршил своите магистерски студии по гитара на Виенскиот Универзитет за музика и сценски уметности кај професорот Алваро Пиери, како и магистерски студии по компонирање. Моментално е на докторски студии за музичко истражување на Универзитетот во Сари кај професор Стив Гос.
Неговата музика ја изведувал и саиот тој, но и други музичари на различни локации, како Музиквереин и Концертхаус во Виена, Националната уметничка галерија во Вашингтон, салата Рахманинов во Конзерваториумот Чајковски во Москва, Словенската филхармониска сала, и други.
Делата на Кухар се издадени од познати музички куќи како Les Production d’OZ/Doberman-Yppan (Канада), Trekel (Германија) и Berben (Италија). Нејц редовно одржува соло концерти, дел е од дуото Еминент Дуо со виолинистот Моеко Сугјура, држи мастер класови, држи предавања и е член на жирито на повеќе меѓународни фестивали за гитара.
Во 2019 година, бил назначен за професор по гитара и модерна музика на Универзитетот за музика и сценски уметности во Виена и во 2018 година за Професор по гитара на Конзерваториумот Јозеф Хајдн во Ајнштадт.
Покрај неговите активности како гитарист, композитор и учител, исто така држи предавања за компонирање на дела за гитара на повеќе европски и американски универзитети како Џулијард Школата, Институтот за музика Куртис, Школа за Музика на Менхетен, Виенскиот и Франкфуртскиот Универзитет, и други.