ХОЗЕ КАРЛОС ГОМЕЗ
| Гости |
Хозе Карлос Гомез, фламенко гитарист, композитор, продуцент. Добитник на втората награда „СГАЕ Пако де Лусија 2022“. Хозе Карлос Гомез е роден во Алгесирас (Кадис) на 16-ти јуни 1972. На 5-годишна возраст им побарал на родителите фламенко гитара за Божиќ откако го видел Пако де Лусија на телевизија, а бил заљубен во нејзиниот звук уште од кога имал 3 години.
На 7-годишна возраст почнал да оди на часови кај Флорес ел Гадитано, а две години подоцна кај Салвадор Андрадес кој го научил за формите и звуците на школото за гитара Алгесирас, основано од Дон Антонио Санчес Песино, таткото на Лусија и учителот на Салвадор.
На 11-годишна возраст почнал да држи солистички концерти свирејќи дела на Пако де Лусија и некои свои композиции.
Заедно со Андрес Родригес станал член на „Куадро фламенто Солеа“, што многу придонело тој да научи да свири заедно со танчери и пејачи, и му дало добра основа кога заминал за Мадрид.
Во овие години се запознал со Пако Нарваес кој имал огромно влијание на Хозе Карлос како гитарист, и посветил многу часови создавајќи дела за своите албуми и усовршувајќи ја својата техника, звук и знаење за хармонијата на фламенко гитарата.
На 16-годишна возраст веќе бил познат гитарист во областа, и придружувал пејачи како Канела де Сан Роке и Антонио Мадрелес низ Андалусија, и започнал да патува во странство каде неговите изведби во градови како Париз и Лондон биле многу добро примени.
Наредната година, заедно со Пепе де Лусија почнал заедничка дискографска соработка, и го придружувал младиот пејач „Потито“ на неговите први концерти и телевизиски настапи. Од овие концерти највпечатливи се два, кои му се најдраги на Хозе Карлос: првиот, на кој бил на сцена заедно со Мораито Чико кој потоа рекол: „Тоа дете многу добро ги свири делата на Пако“, и вториот, со Томатито, со кого заедно свиреле со часови дури и на аеродром: вистински сон за гитарист од неговата возраст.
Неоспорлив победник на неговиот прв натпревар за гитара „Рамон де Алгесирас“ во Гетафе на 17-годишна возраст.
Благодарение на Хозе Мариа Бандер добил можност да замине од Мадрид и да ја придружува Мерче Есмералда на фестивалот Veranos De la Villa со Луис Абичуеља, Рамон ел Португес и Талегон де Кордоба.
Наредната година истата баилаора го поканила да биде член на балетската компанија Región de Murcia како прв гитарист.
Во 1991 станал член на Шпанската националната балетска компанија заедно со гитаристите Луис Абичуеља и Хосе Марија Бандера каде останал се до 1997 година, свирејќи во некои од најголемите театри во светот. Неговото име сега веќе се среќава на концертните програми како композитор на некои од претставите на репетоарот на оваа балетска компанија.
По две-годишна пауза поради трансплантација на бубрег, продолжил со својата кариера во 1999 година кога почнал да соработува како придружен гитарист на различни албуми, компонирајќи дела за Дукенде, Ниња Пастора, Марина Ередија, Ел Пеле, Ла Тана, Ла Суси, Армандо Мансанеро, Алехандро Санс, Серат, Сара Барас и многу други.
Значајна е неговата соработка на албумот „Кањаила“ на Ниња Пастори, на кој продуценти биле Алехандро Санс, Хосеми Кармона и Емануел Руфиненго за кој ги компонирал и отсвирил алегриите „Sobre la Arena” и тангото „Manolillo el Canastero”. Албумот имал голем продажен успех и добил многу признанија во светот на фламенкото.
Благодарение на неговиот удел на овој албум бил поканет од многу уметници и продуценти и како гитарист и како композитор за различни дискографски проекти како албумот со дуети од мексиканскиот уметник Армандо Мансанеро, за време на кој се сретнал со големиот продуцент Начо Мањо, кој понатаму имал големо влијание на Хозе Карлос за тоа како тој работи на неговиот звук и амбиент во музичките продукции.
Во наредните години Хозе Карлос работел на музиката на филмот „Sin Vergüenza” од Хоакин Ористрел и на репертоарот на претставите “Sabores” и “Carmen” на баилаората Сара Барас, и продолжувајќи да расте како уметник се нашол во многу креативно време во својата кариера.