ЛУСИЈА ГОНСАЛЕС КУЕЉАР, „Ла Флака“
| Гости |
Лусија Гонсалес Куељар, позната во светот на фламенкото како „Ла Флака“, започнала со танцување на три-годишна возраст. Кога имала 8 години, започнала со тренинг во школата „NuevaDanza Esther Valdenebro“, каде се подготвува да се стекне со диплома од АПДЕ „Асоцијацијата на шпански професори по танц“, и е моментално во седмата година.
Во исто време, посетувала студии на Школата за фламенко во Андалусија (ЕФА), каде го земала првиот професионален курс на институтот „Фламенко Ла Труко”. Исто така тренирала на Катедрата за фламенко каде посетувала часови кај Рафаел Хименес „Ел Тато“.
Има учено кај многу големи мајстори на фламенкото, меѓу кои се истакнуваат Елиесер Труко Пиниљос („Ла Труко“), Даниел Кабаљеро, Моника Пердомо, Естер Валденебро, Андина Мело Дупак, Кристијан Перес и Рафаел Хименес („Ел Тато“), Сусана Лупиањес („Ла Лупи“), Мариа Хункал, Антонио Каналес, Белен Лопес, Рубен Олмос, Партисија Гереро, Конча Харењо, Хесус Кармона, Марко Флорес, и други.
Заедно со своето училиште „NuevaDanza”, под водство на Естер Валденебро, учествувала на натпреварот „Vive Tu Sueño“, каде освоиле прва награда во националната фаза и право да продолжат на меѓународното финале во Рим. Учествувала и на други натпревари како „La Sierra Se Mueve“, каде со својата група освоиле прва и втора награда во категоријата за кадети.
За време на својот тренинг, добила стипендии од Школата за танц и фламенко Ел Лусеро, Фламенко Таблаото Ла Мануела и Фламенко Таблаото „Ел Кортихо“ каде имала можност да настапува повеќе пати. Исто така, во 2020 година добила стипендија од Школата за фламенко во Андалусија (ЕФА), на галата за млади таленти и била спонзорирана од Саул Кирос. Следната година била избрана од ЕФА да учествува на галата за млади таленти во Театарот за фламенко во Мадрид.
Од 2020 година па натаму, „Ла Флака“ има настапувано во некои од најважните таблаоа и театри во Шпанија, како Театарот за фламенко во Мадрид, Таблао де ла Виља, Таблао “Сала 4“ (Амор де Диос), Таблао „Сала Темпл“, Фламенко Таблаото “Ла Мануела”, Фламенко таверната „Ел Кортихо“. ТFlamenco Taberna “El Cortijo”, Фламенко Таблаото „Ла Труко“ Фламенко Таблаото „Ел Лусеро“, Фестивалот на солидарноста „Flamencura“ и други.
Исто така настапува низ областа Сеговија со фламенко групата „Келањи“, заедно со гитаристот Даниел Хернандес, пејачи како Раул Хименес и Сара Дијас, и тапанарот Антонио Маја.