БОЈАН МАТЕВ ( BOYAN MATEV )
| Гости |
Бојан Матев ( Boyan Matev ) е роден во 1958 година во Варна, Бугарија. Тој е професионален музичар од 1979 година. Во 1984-та година го завршил Бугарскиот конзерваториум, и е претставник на Бугарската школа по гитара.
Матев предавал по класична гитара во Средното музичко училиште „Добри Христов“ во Варна во периодот 1984-1985 година. Тој работел како професионален музичар во Норвешка, Швајцарија, Австрија и Гренланд во периодот 1985-1988 година.
Во раните ’90-ти години ги направил првите чекори во изработка на жичани инструменти. Ја изработил прва гитара во 1993 година. Од 1998 година тој живее постојано во Варна како музичар и свирач на жичани инструменти.
На 20.08.2004 година тој станува член на регионалното Здружение на маjстори / изработувачи на жичани инструменти во Казанлак, Бугарија. Учествува во голем број разновидни изложби и семинари по класична гитара организирани од Здружението во Велинград и Пловдив. Матев прави класични гитари по нарачка за клиенти од Бугарија, САД, Канада, Швајцарија, Германија и Оман.