Столина Добрева

СТОЛИНА ДОБРЕВА ( STOLINA DOBREVA )

Д-р Столина Добрева ( Stolina Dobreva ) е родена во 1970 година во Бургас, Бугарија. Ја завршила националната музичка школа „Љубомир Пипков“ во Софија, Бугарија и завршила студии по гитара и педагогијана Држаната висока школа за музика во Фрајбург, Геманија, во класата на професорката Соња Прунбауер со одличен успех.
Д-р Добрева освоила во 1985 година и 1987 година прво и второ место на Националниот натпревар по гитара во Чирпан, трето место на Меѓународниот натпревар по гитара во Хоф, Германија и трето место на Првиот национален натпревар „Аполонија“ во Созопол, Бугарија. Учествувала во мастерклас на Алваро Пиери, Роберт Брајморе, Карло Доменикони, Александар Фрауки и други.
Од 1994 година таа предава гитара и камерна музика во националното музичко училиште „Љубомир Пипков“. Столина Добрева е автор на низа научни публикации во полето на историјата на гитарата.
Од 2001 година, таа е главен уредник на списанието „Гитара“. Таа докторирала на тема „Историјата на гитарата во Бугарија: литература, педагогија и изведување“. Добрева е член на жири на неколку натпревари во Бугарија и Романија.
Во 2006-та година таа одржала мастерклас на Фестивалот за гитара во Синаиа. Одржала концерти во Бугарија, Германија, Унгарија, Турција и т.н. и направила многу снимки за Бугарската национална телевизијаи Радио. Од 2017 година Столина Добрева е директор на националното музичко училиште „Љубомир Пипков“.