ВИЛИЈАМ ЏЕНКС ( WILLIAM JENKS )
| Гости | Жири | Мастер часови |
Вилијам Џенкс ( William Jenks ) е редок талент од новата генерација на класични гитаристи. Тој не само што е познат уметник од светски ранг кој има свои изданија, свирел и држел мастерклас низ целиот свет, тој исто така е основач и претседател на нова непрофитна организација: US Classic Guitar Future.
Џенкс реализирал особено впечатливи настапи Фестивалот по гитара во Колорадо, Фестивалот на вино и уметности во Портланд и на Меѓународниот фестивал по гитара во Доминиканската република. Тој гостувал во Здружението за класична гитара во Болдер, Колорадо, Центарот за уметности во Њупорт – Сајкл Орегон, во локалниот камерен оркестар „ПроАрте“, Мотола, Италијанскиот меѓународен фестивал по гитара и меѓународниот фестивал по гитара Фиуџи, во близина на Рим, Италија.
Редовно настапува во серијата концерти на класична гитара во Портланд, која тој ја основал. Во 2014 година бил поканет од Националниот конзерваториум по музика во Доминиканската Република, го изведувал Концертот во D мајор на Вивалди, и учествувал во жирито на голем натпревар по класична гитара. На Серијата концерти по класична гитара настапувале Џон Вилијамс, Дејвид Расел, Елиот Фиск и познатата Лос Ромерос.
Џенкс ги поддржува следните генерации преку дебитантските настапи на Димитрис Котронакис (Грција), Жерар Абитон (Франција) и Рубен Гонзалес (Куба).
Тој, исто така, е иницијатор на студиото за класична гитара во Портланд, кое од 2001-та година држи предавања за стотици ученици до сите возрасти и нивоа, а многумина од нив потоа оствариле музички кариери.
Во јули 2015 година, Џенкс добил награда од Меѓународниот фестивал Фиуџи за неговата промоција на музиката за гитара. Тој предавал класична гитара на факултетот по музика на Мерилхрст универзитетот во периодот 2015-2018 година и диригирал со Ансамблот по гитара на универзитетот Маилхрст.
Џенкс ја води организацијата Portland Classic Guitar, преку која организирал концерти, предавања и продажба – единствена организација од таков престиж и успех на Западниот брег на САД.