Адам дел Монте (Adam del Monte), Еден од водечките фламенко и класични гитаристи/композитори од оваа генерација, Адам дел Монте го посветил својот живот да се изрази целосно во овие два жанрови, надминувајќи традиционална класификација. Секогаш вградува многу различни музички стилови во своите композиции поради што неговата музика има уникатен звук, и неговото фламенко црпи инспирација од традицијата, но вметнува прогресивни елементи од музички вкусови од ширум светот.
Дел Монте соработувал со Дојче Грамофон – изведба на делот за фламенко гитара во операта Ainadamar од Освалдо Голијов (2006), која освоила две Греми награди, заедно со сопрано вокалистката Дон Апшо и Атлантската Симфонија – под диригентската палка на Роберт Спано. Од тогаш има настапувано во оваа опера во Карнеги Хол, Њу Јорк, Линколн Центарот, Барбикен Центарот, Лондон, Музичкиот Фестивал Колорадо во Болдер, Чикаго Симфонијата, и многу други.
Дел Монте неодамна ја компонирал првата Фламенко Опера. Llantos 1492 е опера која целосно го интегрира со фламенкото со класичниот/оперски свет во сите погледи – вклучувајќи оркестар, естетика, стилистика и ритмика. Претпремиерата на некои сцени од Llantos изведени на пијано, гитара и намален број на вокалисти била дел од Тусон Дезерт Музичкиот Фестивал во Универзитетот на Аризона, на 30ти Јануари, 20199.
Спонзориран од Американската амбасада, во 2019 година, како солист, но и заедно со неговиот Дуо Делоро партнер, Словенскиот гитарист Мак Гргич, ги претставувал Соединетите Американски Држави на Еурострингс Меѓународните Фестивали за Гитара во Сегед, Унгарија, и Сараево, Босна. Исто така има соработувано со персискиот легендарен вокалист Хомајун Шајариан и Пацифичката Симфонија со маестрото Карл Сен Клер.
Својот втор концерт за фламенко гитара, Paisajes, Дел Монте го компонира по нарачка на Симфонијата на Св. Моника. Од тогаш, го има изведувано со Московската Државна Симфонија во концертната сала Чајковски и со симфонискиот оркестар Симон Боливар во Каракас, Венецуела.
Исто така ја има снимено Темата на Авнер од филмскиот композитор Џон Вилијамс за филмот Munich од Стивен Спилберк. Други филмски заслуги има добиено за филмови како Knight and Day со Том Круз и Камерон Дијаз,Mr. and Mrs. Smith со Бред Пит и Анџелина Џоли (музика од Џон Пауел) и Toy Story 3 (музика од Ренди Њуман).
Дел Монте исто така има настапувано заедно со фламенко пејачот Енрике Моренте и Мадридскиот Симфониски Оркестар, како и со Лоле и Мануел.
Помладата генерација на фламенко настапувачи влијаеле на стилот на Дел Монте и го инспирирале со тоа што нивниот стил се повеќе се разликувал од претходниот стил на Шпанско фламенко. Дел Монте исто така почнал да истражува во нова насока користејќи ги годините од своето искуство во областа на традиционалното и модерното фламенко, но и ја проширил својата музика со класичната гитара. Еклектичката свест за џез, светската музика и други модерни музички форми придонеле за нови, креативни изведби од фламенко репертоарот.
По нарачка на Квартетот за Гитара од Лос Анџелес го напишал прогресивното фламенко дело Cambio de Aire. Соработувал со Јусуф Латиф и Атлантската Симфонија на Националниот Фестивал за Темни Уметности во Атланта, Џорџија.
Неговиот фламенко деби албум издаден од шпанската музичка куќа Сонифолк (1998) именуван Viaje a Un Nuevo Mundo – патување кон Новиот Свет – добило многу позитивни критики од најпознатиот фламенко критичар на Шпанија, Анхел Алварес Кабаљеро, како и Мигел Мора од весникот El Pais и Алфредо Грималдос од El Mundo. Неогвата дискографија вклучува видео серија за уметници од Мел Беј, класична и фламенко изведба, и класичниот албум насловен Ezordio.
Во 1998 година, Адам настапил во Шпанија на ТВ програмата Algo mas que Flamenco со Лоле Монтоја. Го напишал концертот за фламенко гитара и оркестар Ensueño Flamenco кој ја имал својата премиера во Бостон со Модерниот Бостонски Оркестарски Проект во Џордан Хол, диригиран од Гил Роуз. Во 1999 се вратил во Гранада да настапува во најстариот фламенко клуб La Plateria, и бил на турнеја во Швајцарија со пејачот Куро Фернандес.
Во февруари 2000 година, настапил со Филхармонијата на Лос Анџелес во изведба на Concierto de Aranjuez. Во јуни 2000 година, настапувал во Холивуд Боул, еднаш со неговиот фламенко ансамбл, и еднаш со Филхармонијата на Лос Анџелес и класичната шпанска танчерка Лола Греко. Адам го изведувано Concierto de Aranjuez како солист во Дизни Хол. Исто така ја извел Aranjuez со Пацифичката Симфонија и Карл Сен Клер.
Во 2005 Дел Монте учествувал во музичката серија на Филхармонијата на Лос Анџелес во Дизни Хол, изведувајќи ја Histoire du Tangо од Астор Пиацола и со виолинистот Марк Кашпер. Од 2007-2012 бил член на Фаља Триото за гитара.
Откако се здружил со словенскиот гитарист Мак Гргич во Дуо Делоро, Дел Монте одржал бројни концерти во Тексас, Лас Вегас, Северна и Јужна Калифорнија и Стратмор Хол во Мериленд, меѓу другите. Репертоарот карактеристичен за Дуо Делоро се состои од традиционални Шпански Романси, аранжмани од 20-иот век како оние на Алберто Хинастера, Карлос Гуаставино, и слично, како и модерни фламенко аранжмани од композициите на Дел Монте за две гитари. Во 2008 го извел својот Flamenco Concerto и Concierto de Aranjuez со Симфонетот Ранана, диригиран од Нир Кабарети.
Освоил прво место на Интернационалниот натпревар за класична гитара во Стотсенберг во 1997. Дел Монте е една од најдинамичните сили на новата генерација и во светот на фламенкото и на класичната гитара. Учел фламенко и класична гитара во Шпанија, Израел и Англија. Започнал со неговиот татко, и продолжил да учи со познати ромски изведувачи како Пепе Абичуела, Пако Кортес, Нино Мигел и Херардо Нуњез. Неговите учители за класична гитара биле Менаш Бакиш во Израел и Гордон Кроски во музичкото училиште Четамс и на Кралското северно музичко училиште, Манчестер, Англија. Исто така настапувал како солист и во група на познати места како Форумот Марк Тапер и театарот Вилшир во Лос Анџелес, Кралскиот театар и Кондедуке во Мадрид, аудиториумот Мануел де Фаља во Гранада, аудиториумот Св. Франциск во Санта Фе, Меѓународниот фестивал за гитара во Израел, ГФА во Св. Луис во 1996 година, Ла Хоја во 1997 година, Чарлстон во 1999 година, Фестивалот за Гитара, 500-годишнината на прославата за Колумбо во Париз и Мадрид.
Адам предава фламенко и класична гитара на одделот за студио гитара на Универзитетот на Јужна Калифорнија.
Го има изведено Concierto de Aranjuez во Дизни Хол, август 2014 година, со Калифорниската Филхармонија, како и со Санриверскиот Фестивалски Оркестар со диригентот Џорџ Хенсон во 2016 година. Дел Монте свири класични и фламенко гитари од Ерез Перелман од Израел и Алтамира Гитари
.