ДАНИЕЛ ЕРНАНДЕС
| Гости |
Даниел Ернандес Паскуал, (Дени Ернандес) е роден во Сеговија во 1997 година. Започнал да свири гитара на 9-годишна возраст и бил самоук. На 15-годишна возраст започнал да учи со големиот учител и гитарист Виктор Муњис.
Подоцна учел и од најпознатите имиња во светот на фламенко гитарата, како Хосе Антонио Родригес, Маноло Санлукар, Хосеми Кармона и Пепе Абичуела, и други.
Продолжил со музички студии на Професионалниот конзерваториум за музика „Артуро Сорија“ во Мадрид, каде студирал класична музичка теорија и се стекнал со пофалба.
За првпат настапувал како солист на 14-годишна возраст. Како професионалец се истакнал уште од мал, настапувајќи на сцени како театарот „Хуан Браво“ (Сеговија) и поголемиот дел од театрите и концертните сали во општините Сеговија, Авила, Ваљадолид и Самора, како и во други градови. Има изведено неколку концерти како солист, но и како гитарист за бројни групи и уметници, навлегувајќи во други уметнички стилови како џез. Подоцна бил на тура низ повеќето градови и општини во Мадрид, Кастиља Ла Манча и Кастиља и Леон.
Исто така впечатливи се неговите меѓународни настапи на Сараевскиот Фестивал за Гитара, како и во Чиле, каде одржувал концерти во главните театри на државата заедно со Педро Фернандес Ембрухо. Со оваа уметничка група добил награда за најдобра изведба од Мадридското здружение на театри преку списанието ГОДОТ.
Моментално е главниот гитарист на групата „Лола Гарсија”, и на групата „Педро Фернандес Ембрухо”.
Заедно со нив и бројни други групи и уметници оди на тура низ повеќето театри низ Мадрид, и голем дел од театрите во Кастиља Ла Манча и Кастиља и Леон.