Дарко Багески

ДАРКО БАГЕСКИ

Дарко Багески своето музичко образование го стекнува во Скопје, Македонија (проф. Јане Пенов) и Загреб, Хрватска (проф. Џевдет Сахатхија) и дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија (проф. Јирген Рост).
Неговото образование продложува на постдиплимските студии на Националната конзерваторија за музика во Солун, Грција, во класата на проф. Герхард Рајхенбах, а магистерскиот степен го освојува под проф. Костас Коциолис.
Тој има изведено многу концерти и рацитали во Германија, Грција, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Италија, Шведска, Кина и САД, а учествувал и на семинари и врвни часови со светски признаени гитаристи како: Павел Штајдел, Томас Милер Перинг, Лаура јанг, Зоран Дукич, Аниело Дезидерио, Никита Кошкин, Ернесто Битети, Карло Маркионе, Одар Асад …

Багески исто така дејствува како солист со многу камерни оркестри како и со Орекастарот на Македонската Филхармонија. Меѓу многуте награди, тој ги освојува наградите од Асоцијацијата на музичките и балетските педагози на Македонија за успешните години на работа во полето на педагогијата.
Тој моментално работи како редовен професор на Факултетот за фини уметности – Музика во Скопје. Тој е уметнички директор на Тремоло фестивалот за гитара во Скопје, основач е на Летната академија за гитара во Охрид и е претседател на македонската заедница за класична гитара.