Давид Штрбац

ДАВИД ШТРБАЦ (DAVID ŠTRBAC)

Давид Штрбац (David Štrbac) е српски / австриски гитарист, роден на 4-ти Мај, 1998 година во Белград. Го започнал неговото музичко образование во Белград со професор Владимир Радуловиќ во 2007 година, и го продолжил со професор Борис Ѓујиќ во 2011 година.
Моментално студира на познатиот Универзитет за музика и сценски уметности во Виена во класот на познатиот гитарист и педагог, професор Алваро Пиери.
Давид ги завршил своите додипломски студии во оваа институција во 2020 година, и веднаш потоа се запишал на магистарски студии.

Давид бил активен уметник на концерти уште од мала возраст, и ја извел неговата прва соло музичка точка во Белград, Србија во 2010 година, на 12 годишна возраст. Од тогаш, изведувал музички точки во Србија, Хрватска, Словенија, Австрија и Англија и има добиено многу позитивни критики и реакции од публиките.

„Уште од самиот почеток беше очигледна способноста на Давид да командува со неговиот инструмент и неговиот звук. Понатаму, можевме да уживаме во неговата способност да следи и повзрува музички идеи и неговата зрелост во свирењето без разлика на неговата млада возраст, и целосно ни го задржа вниманието. На крај, Штрбац целосно ги освои нашите срца со контрастот на нежноста на шпанските мелодии наспроти неговото емотивно и виртуозно свирење.“ – Маја Џордан, директор на фестивалот „Српски месец во Велика Британија“, по концертите на Давид во Лондон, Велика Британија, во 2019 и 2020 година.

Во 2018 бил награден од Српската Академија на Науката и Уметноста за најуспешен концерт за концертската сезона 2017/2018 година. Има добиено повеќе меѓународни и државни награди за прво место на натпревари и за млади и за професионални гитаристи, вклучувајќи:

  • „Меѓународниот фестивал за гитара Тремоло“, Скопје, Македонија (2020)
  • „Синајскиот фестивал за Гитара“, Синаја, Романија (2015),
  • „Млади гитаристи“, Мотола, Италија (2013),
  • „Гитарскиот уметнички фестивал“, Белград, Србија (2013)
  • „Војводински фестивал за класична гитара“, Нови Сад, Србија (2012)
  • „Националниот натпревар во Србија “, (I – 2012, 2014, 2016).

Исто така има особен афинитет за предавање, и има подучувано и почетници и напредни гитаристи со огромна посветеност уште од 2016 година. Од 2020, предава на „Клангвелт” музичката школа во Виена.
Давид ќе го издаде неговиот дебитантски албум со шпанска музика во 2022 година.