Дуо Балкан

ДУО БАЛКАН

Дуо Балкан е основан од Луна Пиљиќ од Белград и Матеј Детељ од Вараждин во 2023 година во Скопје.

Луна Пиљиќ завршила основно музичко училиште „Стеван Мокрањац“ во класата на проф. Ана Маринковиќ во Белград, а средното музичко училиште „Коста Манојловиќ“ го завршила во класата на проф. Вере Бакис. Завршила и џез отсек во Вршац, во класата на проф. Иван Максимовиќ.

Повеќепати е наградувана со прва награда на меѓународни и национални натпревари за класична гитара. Работела со истакнати професори и изведувачи по класична гитара во земјата и странство како што се: Андерс Миолин (Швајцарија), Паоло Пегораро (Австрија), Алваро Пјери, Маја Радованлија, (САД), Костас Коциолис (Грција), Одаир Асад (Бразил), и многу други.

Била стипендист на програмата за млади таленти на Министерството за образование на Република Србија и стипендист на фондацијата „Старт живот“.

Матеј Детељ, музичкото образование го започнал во основното училиште „Нови Мароф“, а средното музичко училиште го завршил во Вараждин кај професорот Нинослав Плантак. На Факултетот за музичка уметност во Скопје се запишува во 2023 година во класата на професор Дарко Багески.

Учествувал на многу фестивали како што се: Гитарскиот уметнички фестивал во Белград, Меѓународниот гитаристички шоу во Вараждин, гитарскиот фестивал Крушево, летната академија за гитара Охрид и други бројни настапи.

Тие се запишаа на академските студии по класична гитара на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески.
Во текот на 2023 и 2024 година настапија во Македонија: во Салон „19 и 19“ во Културно информативниот центар во Скопје по повод „Европските скопски денови“, на Филозофскиот факултет по повод „Денот на филозофијата“, на Филолошкиот факултет по повод „Денот на Блаже Конески“, во Музеј на македонска борба во Скопје, салата на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на манифестација „ Ритамот на чаршијата“ во Чифте амам во Скопје и во Крушево на „XV P.S. Гитарскиот фестивал Крушево“.

Share