Ерхан Мујка ( Erhan Mujka ) е гитарист и наставник по гитара од Митровица – Косово. Тој започнал со изучување на гитарата во својот роден град и продолжил натаму со студии во Приштина. Дипломирал во класата а познатиот професор по гитара, г. Џевдет Сахатџија, кај кого тој сега е на постдипломски студии.
Многу години наназад тој посетувал обуки за предавање и изведување музика на Академијата за уметности – Универзитетот Фонтис, во Тилбург, Холандија. Тој свири во официјални и неофицијални пригоди во градот во различни формации, и во дует со други инструменти.
Тој работи во музичката школа во Митровица како наставник по гитара, а многу од неговите ученици постигнале големи успеси на повеќе меѓународни натпревари и фестивали по гитара во Косово, Македонија, Албанија, Бугарија, Хрватска Црна Гора и Турција.
Тој учествува во организација на многу настани од кои ги издвојува следниве: „Денови на музиката во Митровица“, „Митровички средби по гитара“ и „ЕСМА – Европската летна музичка академија“ – секција за гитара. Овие фестивали и академии придонесуваат кон културниот развој и статус на градот.