Признат како еден од најдобрите денешни класични гитаристи, Габриел Бјанко (Gabriel Bianco) го освоил првото место на некои од најпрестижните меѓународни натпревари, вклучувајќи ги Меѓународниот натпревар за гитара на Американската гитарска фондација (Сан Франциско, САД, 2008г.), и Меѓународниот Натпревар за Гитара Кобленц, “Хуберт Кепел” (Кобленц, Германија, 2007г.).
Во 2011 година, бил номиниран за „Révélation Classique” од ADAMI (Друштво за колективна администрација на правата на изведувачите во Франција).
Габриел има настапувано во преку четириесет земји и на многу од најпознатите фестивали и концертни сали. Настапил на Фестивалот Пабло Касалс во Прад и во Театарот ди Шателе во Париз (Франција); Меѓународниот Фестивал за музика и танц во Гранада, Шпанија; Концертната сала Чајковски во Москва, Русија; Филхармонската Концертна Сала во Киев, Украина; Библиотеката Луис Анхел Аранго во Богота, Колумбија; Фестивалот Сервантино во Гуанахуато, Мексико; Централниот Конзерваториум во Пекинг, Кина; Уметничкиот центар Мусашино во Токио, Јапонија; и Театарот Хербст во Сан Франциско, САД.
Како солист, Габриел изведува музика од барокот до модерната музика со нагласок на музиката од романтизмот и шпанската музика. Многу композитори му ги посветиле своите дела. Како солист со оркестар, Габриел изведувал концерти со Градскиот Оркестар на Кобленц (Германија), Оркестарот Ауксо (Полска), Липецкиот Филхармонски Оркестар (Русија) и Романскиот Радио Оркестар. Публиката, колегите и критичарите се согласуваат дека за време на концерт, Габриел и неговата гитара се едно. Признаваат дека елеганцијата и бојата на неговата музика му даваат уникатен пристап на неговиот репертоар. Од септември 2018 година, Габриел Бјанко е главен учител и претставник на неговиот оддел на Конзерваториумот на Амстердам.
Поради својата страст кон камерната музика, Габриел е основачки член на гитарскиот квартет Еклизе, формиран во 2012. Квартетот го освоил Натпреварот за камерна музика на Француската народна федерација на здруженија на родители на студенти на конзерваториумот (FNAPEC) во 2013 и го добил највисокото признание на Фондацијата Банк Популер. Квартетот има издадено четири дела: Guitares (2013), Invitation Française (2015), Pulse (2017), and Evocacion (2020). Габриел често соработува со други инструменталисти и вокалисти и го има издадено албумот Divertissement со обоистката Микаела Храбанкова во 2017 година.
Габриел има снимено два соло албуми, Лауреатска Гитарска Серија, снимена од музичката куќа Наксос во 2007, и неговиот последен албум, Capricci, издаден во 2015 од Ад Витам Рекордс.
Роден во фамилија од музичари, Габриел Бјанко започнал да свири гитара на петгодишна возраст. Кога имал шеснаесет години се запишал на Националниот конзерваториум за музика и танц во Париз (CNSMDP) и дипломирал гитара и камерна музика со највисоки пофалби.