Герхард Рајхенбах (Gerhard Reichenbach) (1965 год.) е еден од водечките европски виртуози на гитара. Веќе 40 години оди на турнеи и како солист и во соработка со оркестри и учествува на сите најважни меѓународни фестивали за гитара, но настапува и во престижни концертни хали како Берлинската филхармонија и Меѓународната куќа на музиката во Москва.
Со огромен репертоар од околу 35 различни соло програми, експертите го сметаат Рајхенбах за еден од најсофистицираните и брилијантни изведувачи на барокна музика со класична гитара.
Неговото свирење често се споредува со она на мајстори како Андрес Сеговија, Џон Вилијамс или Глен Гулд. Бил професор по гитара на Музичката академија „Франц Лист“ во Вајмар и на Државниот конзерваториум во Солун.
Од 2009 година, Рајхенбах е постојан професор и раководител на катедрата за гитара на Универзитетот за музика во Келн. Бројни негови ученици станале успешни солисти и професори по гитара низ целиот свет.