Горан Кривокапиќ

ГОРАН КРИВОКАПИЌ

Горан Кривокапиќ се фокусира да го развие својот репертоар за гитара, главно правејќи сопствени транскрипции и соработувајќи со композитори. Тој е активен солист, камерен музичар и наставник.

Го освоил неговиот прв меѓународен натпревар во Белград на четиринаесет годишна возраст, и потоа освоил уште осумнаесет, меѓу кои „Микеле Питалуга“ во Алесандрија, Италија (2000 г.), „Андрес Сеговија“ во Ла Ерадура, Шпанија (2000 г.), Меѓународниот натпревар по гитара Кобленц (2003 г.), „Фондацијата за Гитара Америка“ (ФГА), во Монтреал, Канада (2004 г.) и „Меѓународниот Натпревар за музички уметности д-р Луис Сигал“ во Виња дел Мар, Чиле (2004 г.). Потоа добил две „Chittara d’Oro“ награди на годишната “Меѓународна конвенција за гитара во Алесандрија“, Италија – 2005 г., како најдобар млад гитарист на годината и за неговиот дебитантски албум Горан Кривокапиќ Изведба на Гитара (Наксос). Од тогаш има настапувано низ цела Европа, Северна и Јужна Америка, Азија, Африка и Русија во хали како Концертгебу во Амстердам, Халата Чајковски во Москва, Палатата Лубковиц во Виена и Аудиторио Конде Дуке во Мадрид.

Како изведувач, наставник и судија, Горан Кривокапиќ често гостува (и како солист и заедно со Даниел Церович како член на Црногорскиот Дует за Гитара) на меѓународни фестивали како Фестшпиеле Мекленбург-Форпомерн, Фестивалот „Internacional de Música y Danza de Granada“, Котор Арт, Меѓународниот фестивал за гитара Кобленц, Форумот за гитара во Виена, Меѓународниот фестивал за гитара Изерлон, Меѓународната конвенција за гитара ФГА, фестивалот А Темпо, Фестивалот за гитарска уметност, Фестивалот за гитара Шенјанг и Фестивалот за гитара Дежон.

Како солист има настапувано со Словачкиот камерен оркестар Бодан Варчал, симфонискиот оркестар на Москва „Руската Филхармонија“, Новиот Руски симфониски оркестар, филхармонискиот оркестар Торино, симфонискиот оркестар Јоханесбург, филхармонискиот оркестар Квазулу-Натал, камерниот оркестар Ауксо, Белградскиот филхармониски оркестар, Црногорскиот симфониски оркестар, Романскиот народен радио оркестар, камерниот оркестар Фолкванг, Чилеанскиот симфониски оркестар, оркестарот Примавера, Истанбулскиот државен симфониски оркестар, Св. Џорџ Стрингс, Берлинската Камерата, Филхармонискиот оркестар Бремерхавен и симфонискиот оркестар Шенјанг.

Горан Кривокапиќ држел мастеркласови за Бах и работилници во универзитето како Григ Академијата (Норвешка), Државниот Универзитет на Њу Јорк, Универзитетот на Торонто, Hochschule für Musik Детмолд, Музичката Школа Јакобс на Индијана Универзитетот, Државниот Универзитет на Флорида, Консерваториумот Маастрихт, Универзитетот на Кејп Таун, Универзитетот на Тексас во Далас, музичкиот консерваториум Викторија, Универзитетот Чапман, Ројалниот музички консерваториум во Монтреал, Народниот Универзитет Сеул, Универзитетот Манитоба, Универзитетот на Тексас во Браунсвил, Народниот консерваториум М. И. Глинка Нижни Новород, Универзитетот на Висконсин, Универзитетот Лојола Меримаунт во Лос Анџелес, Државниот универзитет на Арканзас, Универзитетот на Веракруз и консерваториумот Тјанџин. Редовно е активен во проектот „Школска Рапсодија“, иницијатива на Ларс Вогт, посветен на доведување на класичната музика во училницата.

Редовен гостин е на радио и телевизиски емисии како Medici TV, BBC, France Musique, Arte, Deutschlandfunk Kultur, WDR, Hessischer Rundfunk, Bayerischer Rundfunk, MDR, SWR, Fox 7, WBGH Boston, Fine Music Radio, ClassicFM, ABC Classic и RTCG.

Неговите снимки и изведби се многу пофалени и прикажани на Магазинот Грамофон (Обединетото Кралство), Магазинот за Класична Гитара (Обединетото Кралство), Саундбоард Магазин (САД), The WholeNote (Канада), Akustik Gitarre, Neue Musikzeitung, (Германија), магазинот за гитара Gendai (Јапонија), Musica, Seicorde, Il Fronimo и La Stampa (Италија), Les Cahiers de la Guitare (Франција), Beeld and Die Burger (Јужна Африка), Vijesti and Mobilart (Црна Гора).

Роден во 1979, Горан Кривокапич го започнал своето музичко образование кога имал осум години со Мичо Познанович во музичката школа Херцег Нови во Црна Гора, и ги продолжил студиите на Факултетот за музичка уметност во Белград кај професорот Срѓан Тошич, дипломирајќи во 2000 година. Потоа се запишал кај Хуберт Кепел и Роберто Аусел во “Hochschule für Musik Köln” во Германија, каде дипломирал и се здобил со дипломата “Konzertexamen”.

Потоа се запишал на магистарски студии во консерваториумот Маастрихт во Холандија кај професорот Карло Маркионе и пост-магистерски студии кај Рафаела Смитс на школото за уметности ЛУКА на кампусот „Lemmensinstituut“ во Леувен, Белгија. Сега е професор по гитара на Келнскиот музички универзитет и држи часови во музичкиот универзитет Детмолд.

Живее во Келн со жената и синот.