Николај Михајлов (Nikolay Mihaylov) е професор по класична гитара, камерна музика и музички ансамбли во Народното уметничко училиште „Панајот Пипков“ во Плевен.
Од 2017 до 2019 година, неговите ученици освоиле 14 први, 6 втори, и 13 трети места на престижни народни и меѓународни натпревари во Бугарија, Хрватска, Италија, Македонија, и Романија. Од 2018 година е заменик директор на образовните и креативни активности. Секоја година, Михајлов учествува на меѓународни фестивали и натпревари како член на жирито и како ментор.
Во 2018 година, му беше доделена една од најпрестижните награди од Министерството за култура на Бугарија: „Златен век“ – златниот печат на кралот Симеон Велики и сертификат за придонес кон развојот и промовирањето на бугарската култура и национален идентитет. Истата година, Михајлов беше номиниран во иницијативата „Млади лидери од Плевен“ организирана од општината Плевен, каде што победи во уметничката категорија.
Од 2013 до 2017 година, Михајлов бил повеќекратен добитник на награди за исклучителни достигнувања во областа на уметноста, како и на награда за поттикнување на развојот на класичната гитара од Општината Плевен, Ротари Клубот во Плевен, и меѓународни форуми во Омиш (Хрватска), Синаја (Романија), Ќустендил (Бугарија), и др.
Николај Михајлов дипломирал на Националната академија за музика „Панчо Владигеров“, и во 2014 година за здобил со магистерска титула по гитара под менторство на проф. Росен Балкански. Низ годините, учел и кај професорите Александар Пумпалов и Љубомир Анов.
За време на студирањето, основал неколку групи и ансамбли со кои освоил повеќе награди. Неговата работа во областа на звучниот дизајн во неколку кратки филмови му донела меѓународни признанија и награди.
Денес, тој е основачот и уметничкиот директор на Меѓународниот фестивал за гитара во Плевен, кој за шести пат ќе се одржи кон крајот на ноември 2020 година.