СТЕФАН ТРИФАН
| Жири |
Стефан Трифан, еден од најистакнатите учители по гитара во Романија, роден во малиот град Роман, почнал да свири виолина на шест годишна возраст. Ја открил класичната гитара кога имал 15 години и почнал професионално да ја студира во класот на Јонел Тиганус на Факултетот за ликовна уметност во Пјатра Неамт.
Во 1997 година почнал да ги следи самошто започнатите часови по класична гитара на Константин Андреј во музичката академија „Gheorghe Dima“ во Клуј-Напока, каде дипломирал во 2003 година. Во 2005 година магистрирал во истиот институт и добил титула Доктор за музички уметности со „Summa Cum Laude“ почести во 2012 година, под водство на професор Павел Пускас.
Во 2000 година почнал да држи часови во музичката школа „Sergiu Celibidache“ во неговиот роден град Роман, а потоа во средното музичко училиште „Sigismund Toduta“ во Клуј-Напока. Од 2013 година е универзитетски асистент на музичката академија „Gheorghe Dima“.
Стефан Трифан е еден од најплодните наставници по гитара во Романија, со многубројни успешни ученици. Во помалку од 20 години, неговите ученици имаат добиено преку 400 награди, од кои повеќе од 100 се награди за прво место на народни и меѓународни натпревари по гитара. Има освоено многу угледни награди и редовно добива покани да биде член на жири и како предавач на бројни народни и меѓународни фестивали за гитара
Во 2006 година го основал Друштвото за гитара Трансилванија во Клуј-Напока, а е и извршен директор на Меѓународниот фестивал за гитара Трансилванија од 2004.