Проф. Стела Митева-Динкова (Prof. Stela Miteva-Dinkova) е истакнат гитарист и долгогодишен учител при АМТУ „Проф. Асен Дијамандиев“ во Пловдив, Бугарија.
Родена во семејство на музичари, започнала да учи да свири на гитара со татко ѝ, Благој Митев, а продолжила во средното музичко училиште „Добри Христов“ во Варна, Бугарија, во класот за гитара на Љубен Хараламбиев. Своите познавања ги усовршила во мастер-класовите на Абел Карлеваро, Мартин Ренерт, Никита Кошкин, Џорџ Василев итн. Се здобила со магистерска титула по сценска уметност на Академијата за музика и танцова уметност во Пловдив, Бугарија.
Стела Динкова е познат претставник на бугарската гитарска музика. Составила и објавила бројни книги и колекции со музика од бугарски композитори: Росен Балкански, Владимир Влаев, Пламен Арабов, Васил Бележков и др.
За време на нејзините настапи на фестивали низ Европа, Америка, и Африка ги промовира новите дела на бугарските композитори. Списанието „Класична гитара“ ја опишува како „многу талентирана и тивко харизматична“. Како солист настапувала со повеќе симфониски оркестри во Бугарија (Пловдив, Плевен, Пазарџик, Благоевград).
Настапувала на БНТ и БНР. Била член и претседател на жирито на народни и меѓународни натпревари во Бугарија и пошироко.